Салата од грав, пченка и пиперка

Оваа салата е добра особено за оние кои инаку не го сакаат гравот приготвен на традиционален начин, а со оглед на тоа што е здрав, греота е да не се вклучи во исхраната

0
287

Состојки:

250 г црвен грав
250 г пченка
1 црвен кромид
1 црвена пиперка

Маслиново масло

морска сол и бибер
лимон

Приготвување:

  1. Сварете го гравот, исцедете го и оставете го да се олади.
  2. Исцедете ја пченката доколку користите пченка од конзерва, можете веднаш да ја употребите
  3. Ставете ги во сад за салата, додадете крупно исечен кромид и пиперка, сол и бибер по ваш вкус и прелијте со маслиново масло и сок од лимон.

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here