Салата од печурки со лешници и пекорино

0
545

Состојки:
½ шолја лешници
2 лажици кромид, сечкан
3 лажици шери или бел вински оцет
9 лажици маслиново масло
900 г печурки
2 лажици путер
180 г рукола и друга зелена салата
1 шолја мешани билки, власец, магдонос
1 лажичка свежа мајчина душичка
115 г пекорино

Приготвување:
1. Потпечете ги лешниците 8-10 минути, потоа исечкајте ги.

2. Измешајте ги кромидот, оцетот, ½ лажичка сол и нека отстојат 5 минути, пред да додадете 5 лажици масло.

3. На два пати по 5 минути испржете ги печурките на 2 лажици маслиново масло и 1 лажица путер со мајчина душичка, сол и црн пипер. Во едната половина додајте го кромидот и пржете уште 2 минути.

4. Наредете ја зелената салата во чинија и печурките врз неа. Сипете го сосот со оцетот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here