Салата од рукола со пињоли

Оваа салата од рукола и пињоли можете понатаму да ја надоградувате според својот вкус. Со оглед на тоа што деновите на сезонско овошје и зеленчук се пред нас, можностите за ова далеку оголеми отколку во зимскиот период. Еве ја основната варијанта на која по желба можете да и додавате и некое киселкасто овошје, мед и разни семки.

0
155

Состојки:

1 китка рукола

1 главица виолетов кромид

2-3 ротквици

1 лажица пропржени пињоли

Маслиново масло

Оцет балзамико

Морска сол

Свежо мелен црн пипер

Приготвување:

  1. Руколата добро измијте ја. Кромидот и ротквицата исечете ги на тркалца и помешајте ги со руколата.
  2. Прелијте со маслиново масло и со оцет. Зачинете и додадете ги пропржените пињоли.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

1 × 1 =