Салата од цвекло со сок од портокал

Ова може да биде прилог кон некој оброк со месо, но во овие летни горештини може да биде и самостоен оброк. Свежо и супер вкусно.

0
124

Салатата од цвекло е супер здрав оброк одличен и ако сакате да изгубите некој килограм пред да заминете на одмор.

Се разбира, едноставно е и да се направи но задолжително употребете сок од портокал или од лимон бидејќи токму тоа му дава убав и свеж цитрусен вкус.

Состојки:

Варено цвекло

1 лажица ситно сечкан магдонос

Маслиново масло

Сол, црн пипер

1 портокал

Фета или козјо сирење за поросување

Приготвување:

  1. Ставете го цвеклото во ладна вода и откако ќе проврие оставете го да се вари 40-45 минути, во зависност од големината на цвеклото. Откако ќе се свари, излупете го и исечете го на колку што можете потенки тркалца.
  2. Наредете ги на чинијата за сервирање и прелијте ги со исцеден сок од портокал, сол и црн пипер, прелијте со маслиново масло и ситно сечкан магдонос и оставете ја чинијата покриена со проѕирна фолија барем еден час во фрижидер.
  3. Пред да ја послужите наросете со сирење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

five + 20 =