Салата со цвекло, ореви и копар

Оревите, црвениот кромид и копарот ќе и дадат на оваа салата од печено цвекло фантастичен шмек. Ако не можете да најдете цвекло со зелени листови тогаш цвеклото искомбинирајте го со блитва

0
206

Состојки:

Младо цвекло со зелени листови (или цвекло + блитва)

1 главица лук

4 лажици маслиново масло

¾ лажичка сол

1 шолја бел оцет

¼ шолја шеќер

½ шолја потпечени оревчиња

¼ шолја сечкан црвен кромид

¼ шолја свеж копар

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200°Ц.
  2. Измијте го цвеклото и исечете ги зелените листови од стеблото. Оставете ги настрана листовите и стебленцата. Излупете го лукот, но не го делете на чешниња, туку пресечете ја главицата на половина, по хоризонтала.
  3. Ставете ги цвеклото, лукот, 2 лажици масло и ½ лажичка сол во мала тава за печење и покријте со фолија. Печете околу 1 час додека не омекне. Оставете да се оладат.
  4. Помешајте ги шеќерот и оцетот во еден сад. Истиснете го лукот од лушпата и ставете го во садот. Излупете го цвеклото и исечете го на парчиња па ставете во садот со маринадата и оставете го така најмалку 2 часа или пак направете го сето ова еден ден претходно.
  5. Ситно исечкајте ги стебленцата од листовите на цвеклото и самите ливчиња (а доколку не најдовте вакво цвекло, тогаш истото направете го со блитвата). Ставете ги во голем сад. Извадете го цвеклото со лажица-решетка од маринадата и ставете го во садот за салата, а потоа додадете ¼ шолја од маринадата. Додадете ги оревите, кромидот, копарот и ставете 2 лажици маслиново масло и сол по вкус и полека се измешајте.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

5 × 1 =