Салата со туна и наут

Едноставна комбинација со совршен вкус

0
191

Оваа салата може да биде ручек или вечера, а можете да ја земете и како ужина на работа. Лесна е и едноставно се подготвува па нема да ви одземе многу време.Неодолива комбинација од наут, туна, магдонос и рукола. Можете да ја збогатите и со варени јајца и со тоа да добиете уште повеќе протеини во овој одличен оброк.

Состојки:
500 г наут од конзерва
1 кромид
2 чешниња лук
2-3 лажици сечкан магдонос
2 лажици маслиново масло
2 лажици вински оцет
2 конзерви туна
Сол и црн пипер по вкус
Рукола

Приготвување:
1. Исцедете го наутот од конзерва и помешајте го со филетите туна исечкани со вилушна на помали парчиња
2. Во сад измешајте маслиново масло, оцет, магдонос и зачини.
3. На наутот и туната додадете им го ситно сечканите кромид и лукот и прелијте се со подготвениот прелив (оставете 1 лажица од преливот)
4. Во сад за салата наредете ја руколата, накапете ја со преостанатиот прелив и ставете ги одозгора наутот и туната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here