Сега е време за глуварче!

Глуварчето е растение кое се употребува цело, од коренот и стебленцето, па до листовите и цветот, а чајот од глуварче е познат и како алтернативен лек кој дејствува на канцерогените клетки.

0
562

Глуварчето е познато по својата лековитост. Содржи високи концентрации на витамини (А, Б, Ц), минерали (особено калиум, натриум и магнезиум) и органски киселини.

Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката.

Во народната медицина глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. A сето ова значи дека токму сега е вистинско време да го вклучите во исхраната. Најлесно е да го консумирате како салата, и тоа само за себе или заедно со марула, со краставици или во било која друга комбинација.

Глуварчето е едно од најраспространетите и лесно достапни растенија на нашето поднебје.

Лековито е целото растение (корен, лист, цвет и стебло). Листовите се собираат пред да процвета растението, коренот во пролет и есен, а стеблото за време на цвет. Глуварчето се смета за едно од најдобрите растенија за прочистување на организмот од наталожените токсини (отрови) во организмот, а се користи дури и за најтешки болести.

На пример, кoренот од глуварчето се препорачува за лекување на карцином. За да се користи, коренот мора прво да се исуши. Пред тоа треба внимателно да се излупи и да се исече на еднакви мали парчиња. Потоа се суши на свеж воздух, раширен на подлога во период од 3 до 14 дена. Дека е сув ќе препознаете кога ќе стане ронлив на допир. Сувиот корен ги задржува лековитите својства една година доколку се чува во стаклен сад на суво и темно место. Коренот е добар за црниот дроб, бубрезите и за лимфата, лекува запек, артритис, ревматизам, хепатитис и ја чисти кожата. Корисен е за женски заболувања, особено за болести на дојките, како цисти, карциноми, отечени гради и проблеми со доењето и млекото.

Хрватскиот професор по генетика Маријан Јошт тврди дека глуварчето ги убива малигните клетки во организмот на човекот.

„Благодарение на ова растение, јас сум уште жив“, вели професорот, кој го потврдил сознанието до кое дошле научниците од Универзитет Виндзор во Канада. Имено, чајот од глуварче дејствува на клетките зафатени со карцином, и тие се распаѓаат во рок од 48 часа, а за тоа време не заболува ниту една здрава клетка.

Меѓу другото, глуварчето го подобрува варењето на храната и е добар лек за пациенти кои страдаат од желудочни и тегоби во цревата. Докажан е и како ефикасен лек за заболувања на црниот дроб како што се: жолтица, цироза, камен во жолчка и воспаленија на жолчното ќесе. Глуварчето ја прочистува крвта и го намалува нивото на „лошиот“ холестерол, ги ублажува ревматските болки. Има позитивни дејства и ги прочистува мокрачните патишта, мочниот меур и бубрезите.

Чај од глуварче

Чај од корен се приготвува на тој начин што една кафена лажичка сув иситнет корен се става во половина литар вода да проврие 10 минути. Чајот се пие 4 пати по половина чаша. Од надземниот дел чајот се подготвува такашто една супена лажица листови и цветови се прелеваат со чаша врела вода, се остава да стои 10-15 минити, се процедува, се засладува со мед и се пие 4 пати дневно по 100 ml.

Салата од листови од глуварче 
Подготовка: За салата се потребни свежи млади листови (набрани пред да процвета растението). Насецкајте ги листовите, прелијте со маслиново масло, додајте сол по желба и лимон. Може да се комбинира и со други салати по желба.