Секој пат поинаку и се подобро и подобро…

Колачот за мрзливи или ај „политички“ покоректно, за зафатени домаќинки, е секогаш добар и брз десерт особено во лето 

0
365

Летово го правевме со вишни, со кајсии, со праски, малини, сливи, круши,…сигурно има уште нешто но да не набројуваме повеќе. Овој е со праски, премачкан со домашен мармалад од кајсии.
Како и да е, секогаш можете нешто да смените во рецептот се додека не утврдите која варијанта ви е највкусна. Можеби варијациите во составот не се многу големи, но понекогаш се значајни.

Состојки:

4 јајца
1/2 шолја кафеав шеќер
2 шолји јогурт
2 ипол шолји бело брашно
1 шолја интегрално брашно
130 г растопен путер
¼ шолја зејтин
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
Сок од пола лимон
1 кг излупени праски
Домашен мармалад од кајсии или од праски (за премачкување)

Приготвување:

1. Со миксер се матат белките додека не добиете поцврста пена, а потоа се додаваат шеќерот и ванилиниот шеќер, па жолчките и постепено, постојано матејќи, и јогуртот, путерот, зејтинот и сокот од лимон.
2. Брашното помешајте го со прашокот за пециво и додавајте полека во смесата матејќи со рачна мешалка, а потоа, откако ќе добиете изедначена смеса истурете ја во подмачкана и набрашнета тепсија за печење и ставете ја во загреана рерна.
3. Во меѓувреме излупете ги праските и исечете ги на парчиња и после 5-6 минути извадете ја тепсијата и наредете ги врз тестото нежно притискајќи ги да потонат во смесата. Вратете ја тепсијата во рерна и печете околу 30-40, извадете ја премачкајте одозгора со мармаладот и вратете ја во рерна уште неколку минути. (Мармаладот не е задолжителен доколку во тестото ставите повеќе шеќер или доколку колачот го поросите со шеќер во прав).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here