Село во Јапонија произведува речиси нула отпад (ВИДЕО)

Жителите на ова село го сортираат нивниот отпад во 45 различни категории

0
62

Селото Камикацу се наоѓа меѓу зелените оризови полиња и планинските шуми на западниот јапонски остров Сикоку. Со помалку од 1.700 жители, тоа е најмалото село на островот, но во последните неколку години ги освојува насловите низ целиот свет.

Со децении, с елото малку размислувало да го процесира својот отпад, и начинот на којсе справувале со него бил да се запали во отворен инцинератор или да се закопа во земјата.

Неуспешниот нов проект за инцинератор, сепак, го принудило селото да ја преиспита својата стратегија и да се роди една возвишена амбиција – да стане град со нула-отпад до 2020 година.

Денес, повеќе од 80% од отпадот на селото не завршува во печка и на депонија, но трансформацијата не беше лесна или брза.

Напротив, барала смена на животниот стил на сите жители.

Селото одлучило да ги реализира своите напори да го намали колку што е можно повеќе отпадот, и се родила Академијата за нула отпад, предводена од Акира Сакано.

Во пракса, идејата е прилично едноставна: отпадот се раздвојува во категории и кадешто е можно, се реупотребува или се рециклира.

Жителите го сфаќаат рециклирањето толку сериозно што се надеваат дека ќе станат прв град во оваа држава кој до 2010.година повеќе нема да има воопшто ѓубре.

Во Камикатцу не постојат камиони за собирање ѓубре, такашто жителите мораат во своите домови да прават компост од остатоците од кујната. Исто така, мораат да го мијат и да го сортираат остатокот од отпадот во 45 различни категории и да ги носат самите во центрите за рециклажа кадешто вработените внимаваат отпадот да заврши во вистинските канти. Наводно, требало доста време за жителите да се навикнат на ова правило, но на крајот успеале и сега сите овие активности ги доживуваат како нормални.

This Japanese town produces almost zero waste

Residents sort their waste into 45 different categories. ? Read more: https://wef.ch/2Wn5iIp

Posted by World Economic Forum on Четврток, 18 април 2019

Тука рециклирањето е претворено во ефикасен процес – постојат одвоени канти за различни видови на производи од хартија – весници, списанија, картони, флаери. Дури и пластичните шишиња и капачињата одат во различни канти, а конзервите исто така се раздвојуваат во зависност од материјалот од кој се произведени. Мног од вие работи се препродават или им се менува намената, па од нив се произведуваат облека, играчки или модни додатоци. Етикетата на секоја канта го покажува процесот на рециклажа за одреден предмет, такашто жителите знаат што точно се случува со нивното ѓубре.

Фото: The Zero Waste Academy