Шарено, брзо и вкусно

Ова е нашата омилена летна варијанта за ручек во која има бело пилешко месо и сите можни зеленчуци што ги имаме дома. И најважно, сѐ се прави брзо, само во една голема вок тава

0
158

Секогаш кога немате многу време, а сепак сакате да ставите ручек на маса, ова е една од оние лесни и здрави варијанти со многу, многу зеленчук.

Зеленчукот што ќе го ставите зависи од она што го имате во фрижидерот, но овојпат ние ставивме речиси сѐ.

Состојки:

600 г бело месо

1 голема зелена пиперка

1 голема црвена пиперка

1 помал модар патлиџан

1 тиквица

150-200 г бамји

1 пашканат

2 моркови

малку рендан свеж ѓумбир

1 чешне лук

маслиново масло

сол, црн пипер, соја сос (по желба)

Приготвување:

Го сечете месото на коцки и го ставате во мешавината од масло, соја сос и рендан ѓумбир да се динста, а во меѓувреме го спремате зеленчукот.

Кога месото е готово, додавате сечкани моркови и пиперки, пашканат, па модар патлиџан и тиквици, додавате малку вода и на крај ги ставате и бамјите. Ставете капак и оставете ја тавата на средна температура, повремено мешајќи најмногу 10 минути.

Украсете со свеж босилек.