Шпагети со сардини, ореви и јајце

Комбинацијата е малку необична, ама сите варијанти на тестенини се обично вкусни, па вреди да ризикувате

0
107

Периодов, на 50 степени Целзиусови, најдоброто нешто во рецептот е тоа што најмногу време треба за да се сварат шпагетите.

Состојки:

Шпагети 200 г

1 конзерва сардини

1 чешне лук

5 листови блитва

1 јајце

2 лажици мелени ореви

Mаслиново масло

Лимон

Сол, црн пипер

Приготвување:

Сварете ги шпагетите во солена вода, но не ги преварувајте и кога ќе бидат готови исплакнете ги под млаз ладна вода.

Во длабока тава на 1 дцл маслиново масло испржете јајце на око. Покријте ја тавата со капак затоа што на тој начин белката ќе добие бела боја, а жолчката ќе остане течна.

Штом јајцето побели извадете го во чинија.

На маслиново масло пропржете го ситно исечканото лукче и сардините. Зачинете и после 1-2 минути додадете ги мелените ореви и се добро измешајте и динстајте уште 1 минута.

Изгаснете ја ринглата и додадете 5 големи свежи и исечкани листови блитва и дозволете само да овенат на таа температура.

Ставете ги во тавата варените шпагети и јајцето на око. Дупнете ја жолчката и се заедно добро измешајте.

На крајот сѐ можете да прелиете со неколку капки сок од лимон и наросете со пармезан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

2 × four =