Штанд за локални производи во Неготино

Денеска во Неготино, локалната акциска група „Тиквешка Винска Долина“ го  одбележа отворањето на штандот за продажба на локални производи поставен во близина на автопатот Е-75, на влезот од Неготино.

0
132

Пред ресторанот „Антигона“ на влезот од Неготино, денеска беше отворен штанд за продажба на локални производи, а како дел од пилот-активноста на локалната акциска група Тиквешка Винска Долина.

„На штандот ќе бидат застапени производи од локални производители кои сами не можат да се појават на пазарот, а штандот им нуди  можност на едно место да се претстават заеднички и да остварат дополнителни приходи “ – изјави Василка Косева, од Локалната акциска група „Тиквешка Винска Долина“. „Истовремено, штандот ќе ја зголеми и видливоста на Тиквешијата како регион во кој се произведуваат квалитетни, автентични производи со кои доследно ќе може да се претстави Македонија на странските туристи “ – додаде таа.

Локалната акциска група Тиквешка Винска Долина е здружение составено од претставници од приватниот, невладиниот и јавниот сектор, кое веќе две години работи на поддржувањето на регионалниот развој на Тиквешкиот микро-регион.

Поставувањето и работењето на штандот се спроведува како дел од пилот-активност на Тиквешка Винска Долина во склоп на Проектот за операционализација на ЛЕАДЕР пристапот во РМ.  Проектот е спроведен од страна на Асоцијацијата за иновации во руралната економија (АИРЕ), финансирана од страна на Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија. Со поддршката од Амбасадата, АИРЕ поддржува девет локални акциони групи во Македонија со цел да ги изгради нивните капацитети за пристапување до финансиски средства од домашни и странски донатори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

1 × three =