Швајцарец направи чоколадо против менструални болки

Ова чоколадо е спој од висок процент на какао и 17 планински швајцарски билки. Чоколадиерот кој го направил, Марк Видмер, на нејзиниот развој работел три години.

0
195
Еден маж ќе спаси и ќе развесели милиони жени. Марк Видмер е швајцарски чоколадиер кој изумил чоколадо направено специјално за жени – Frauenmond.
Тоа ги олеснува менструалните болки затоа што содржи 17 различни швајцарски планински билки чија комбинација со чоколадо го подобрува расположението, а воедно и смирува. Чоколадото содржи 60% какао, а токму во тоа е и „клучот“. Темните и црни чоколади со многу какао содржат магнезиум кој го опушта телото и ги спречува грчевите. Освен тоа, го ослободува и хормонот на среќа – серотонин.
Засега ова чоколадо може да се купи само во Швајцарија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

twelve − 11 =