Шведски леб

Ова е за оние што нон-стоп сакаат нешто да „мелат“ па подобро е тоа да биде некоја поздрава варијанта. Ставате по избор повеќе видови на брашно, а може и едно, но да биде ржано, јачменово или интегрално, а и семките се по ваш избпр па можете да ставите од сите кои ќе ви паднат на памет.

0
983

Состојки:

1 и ½ шолја брашно (ние ставивме ржано и интегрално)

¼ шолја маслиново масло

Семки од тиква, сончоглед, сусам, ленено семе, чиа семе, … (и количината е по ваш избор)

Вода по потреба

¼ лажичка прашак за пециво или сода бикарбона

Химелајска сол и зачини по желба

Приготвување:

  1. Состојките се мешаат и смесата се става врз парче хартија за печење. Се покрива со друго парче хартија и со помош на оклагија се развлекува на саканата дебелина (во зависност од тоа дали сакате да биде подебело и помеко или потенко и покрцкаво) и се сече на парчиња.
  2. Се пече на 150 степени околу 20 минути (во зависност од тоа колку се дебели парчињата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here