Шведски палачинки

Како и сите палачинки, и овие се едноставни за подготвување, вкусни и меки. Всушност, во смесите за палачинки секогаш има само мали разлики, но токму тие ги прават посебни...

0
183

Шведските палачинки не се разликуваат многу од другите, но специфично за нив е што се прават со путер, наместо со зејтин. Токму путерот им дава мекост и посебен вкус.

Состојки:

2 jaja

1¾ шолји млеко

3/4 шолји брашно

30 г растопен путер

Прстофат сол

Приготвување:

Во поголем сад изматете јајца и пола од млекото. Додадете го брашното и добро измешајте. Ставете сол, остатокот од млекото и растопениот путер.

Растопете малку путер во тавата за палачинки, ставајте од тестото како што правите и обично и печете ги палачинките околу минута од секоја страна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

fourteen − ten =