Сирова торта од авокадо и лимета

Еве еден рецепт за здрав и сиров десерт кој сигурно ќе ве заинтересира затоа што ако ништо друго, изгледа навистина вкусно.

0
229

Оваа мини тортичка е доволна за 4-6 лица, многу едноставно и брзо се прави. Освежува подобро и од сладолед.

Состојки:

За подлогата:

1 шолја бадеми

5 урми

2 лажици кокосово масло

Кора од лимон

За кремот:

1 зрело авокадо

1 шолја натопени индиски оревчиња

Ванила

1/4 шолја растопено кокосово масло

Кора и сок од две лимети

3 лажици мед

Приготвување:

  1. Состојките за подлогата ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете смеса од лепливи трошки. Ставете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и добро притиснете. Можете да одвоите дел од смесата за подлога и од тоа да направите бомбици за декорација.
  2. Состојките за кремот мешајте ги во блендер, прво полека, а потоа зголемете ја брзината, додека не добиете компактна смеса. Распоредете го кремот врз подлогата и украсете со парчиња лимета и ливчиња од кокос. Ставете ја тортата во замрзнувач преку ноќта, а потоа, барем 1-2 часа пред послужување преместете ја во фрижидер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ten + ten =