Сирови јафа кекси

Овој рецепт е сирова реплика на познатите јафа кекси. За нив ви требаат најслатките портокали што можете да ги најдете за да не мора воопшто да ги заблажувате со шеќер.

0
173

Состојки:

1 голем портокал или два помали

1 шолја јаткасто овошје по избор (ореви, индиски ореви, лешници, бадеми,…)

3 лажици рогач во прав

3-4 урми

Приготвување:

  1. Исечете 2 кришки портокал и оставете ги настрана. Исцедете еден голем (или два помали) портокал. Сокот испијте го!

2. Пулпата од портокалот ставете ја во блендер заедно со јаткастото овошје, 3 лажици рогач и 3-4 урми на кои претходно ќе им ги извадите семките.

3. На рамна површина со помош на некој калап или со обична стаклена чаша, вадете од смесата и формирајте јафа кекси со дебелина од околу 5 мм. На секое ставете по парченце портокал и оставете ги во фрижидер околу 20-30 минути пред да ги послужите.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

fifteen + 8 =