Скоунси – омилено британско утринско залче

Овој сладок и миризлив појадок можете да го направите за само половина час и да си го разубавите денот

0
209

Испробајте ги традиционалните британски скоунси кои најчесто се прават со суво грозје, а потоа можете да експериментирате со други суви овошја или чоколадо.

Состојки:

500 г брашно

120 г шеќер

1 прашак за пециво

малку сода бикарбона

малку сол

125 г путер

1 шолја суво грозје

200 г кисела павлака

1 јајце

Приготвување:

    1. Во еден сад помешајте ги павлаката и содата.
    2. Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта и путерот. Додадете ги павлаката, јајцето и содата и на крајот сувото грозје.
    3. Замесете го тестото со раце и спојте го во една маса.
    4. Расукајте го на дебелина од 1,5 цм и исечете го на облици по ваша желба.
    5. Наредете ги врз хартија за печење а помеѓу секое оставете по 5 цм растојание.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

five + 2 =