„Сквер 21“ – нов лонџ бар и место за сѐ на улица Македонија

Во „Сквер 21“ ќе можете да пробате храна од целиот свет, бидејќи за експанзивното мени ќе се погрижи готварскиот тим со дури две посебни кујни.

0
1756

На улица Македонија, во склоп на зградата на ТВ21, синоќа почна со работа лонџ барот „Сквер 21“. Тимот кој ќе го раководи „Сквер 21“ беше видно расположен и полн со ентузијазам за претстојната работа, како што забележавме на свеченото отворање на кое гостите имаа можност и да пробаат и дел од специјалитетите на местото.

Идејата зад „Сквер 21“ е локалот да не се вади само на одличната локација, туку да понуди врвна услуга за прифатливи цени и следејќи ги трендовите да биде место каде што луѓето ќе можат да се напијат кафе со кроасан преку ден, да ручаат, или да дојдат навечер на журка со квалитетни бендови и диџеи. Иако можеби се чини дека сето тоа е тешко да се интегрира и да се постигне, тимот зад „Сквер 21“ е убеден дека своето долгогодишно искуство, свеж ентузијазам и одлични просторни услови ќе ги искористи на најдобар можен начин.

Понудата на храна е она на што ќе се обрне посебно внимание. Во „Сквер 21“ ќе можете да пробате храна од целиот свет, бидејќи за експанзивното мени ќе се погрижи готварскиот тим со дури две посебни кујни, од кои во едната главната готвачка е Јапонка.

– Местото ќе биде ексклузивно и со врвна услуга, но не и неприфатливо скапо. Сепак, треба да бидеме реални за можностите на луѓето – вели главниот готвач, објаснувајќи дека шемата ќе започне со полна пареа, нудејќи пријатна атмосфера за дневно кафе, раскошен оброк или журка со џез и рок бендови, како и диџеи од земјата и пошироко.
Ланч барот ќе работи секој работен ден до 00 часот, а во викенд до 01 часот. Располага со голем трем и простран внатрешен простор.

Останува да видиме дали ќе го одржат добриот прв впечаток и можеби да си го најдеме новото омилено местенце на улица Македонија.

Јана Колева

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

three × 5 =