Слабеење со мафини?!

Звучи неверојатно, ама ете, можно е...се разбира, нема да ослабнете ако ги изедете сите наеднаш, само ви ги предлагаме како десерт додека сте на диета

0
127

Состојки:

1 сладок компир (батат)

3 јајца

3 лажици кокосово или бадемово млеко

2 лажици маслиново масло

7 лажички јаворов сируп

10 лажици брашно

3 лажици кокосово брашно

1 лажица прашок за пециво

1/4 лажичка сол

1 лажица цимет

1 лажичка ѓумбир во прав

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200°C и подгответе 12 калапи за мафини.
  2. Во меѓувреме сварете го излупениот батат и оставете го да се олади.
  3. Згмечете го бататот, додадете маслиново масло, млеко и јаворов сируп и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
  4. Во одделен сад помешајте ги сувите состојки и додадете ги во смесата со батат. Добро измешајте и ставете во калапите за мафини. Печете ги 30 до 35 минути.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

9 − eight =