Слатко од лубеница

Искористете ја сезоната, купете си лубеница, изедете ја, но не ја фрлајте кората. Направете вкусно слатко од лубеница. Наскоро ќе правиме и ние

0
203

Состојки:

1 кг дебела кора од лубеница, а 1 цм од црвениот дел

1 лажица оцет

500 мл вода

1,5 кг шеќер

3 лимони

2 кесички ванилин шеќер

Приготвување:

  1. Кората од лубеница со црвениот дел исечете ја на коцки, ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода и со 1 лажица оцет. Варете додека кората не омекне, а потоа исцедете.
  2. Сварете густ сируп од шеќер и вода. Додадете ја кората од лубеница и варете уште околу 10 минути. На крајот додадете 3 лимони исечени на тркалца и кесички ванилин шеќер.
  3. Изладете, ставете во тегли и затворете.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

three × one =