Славниот готвач открива кои јадења не треба да ги нарачувате во скап ресторан 

Многу луѓе веруваат дека цената на јадењето кое се нарачува во ресторан е геранција за квалитетот, но познатиот готвач Џемс Брискион тврди дека е тоа далеку од вистината.

0
1163

За списанието Инсајдер тој открил кои три јадења никогаш не би требало да ги нарачувате во скап ресторан. На неговата листа се нашле луксизните хамбургери, попечено месо и било кое јадење што содржи масло од тартуфи.

Според него, луксузните хамбургери се фрлање на пари затоа што тврди дека скапите намирници како луксузните сирења или тартуфи само се додаваат во мали количини на класичните хамбургери.

Второто јадење кое не би требало да го нарачувате е подолго печено месо затоа што во тој случај готвачот едноставно ќе ви послужи потенко парче месо за кое нема да изгуби многу време околу подготвувањето.

Маслото од тартуфи пак нема битно да го подобри вкусот на храната, но значително ќе ја зголеми сметката, тврди Брискион и препорачува да го прескокнете.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here