Со кафе против рецидив на рак на дебело црево

Кај љубителите на кафе, ризикот од рецидив на ракот на дебело црево после лекувањето, е речиси преполовен (42 отсто) во однос на оние лица кои не пијат кафе, е заклучок од големо стражување објавено во Journal of Clinical Oncology (JCO).

0
305

Чарлс Фукс од Дејна Фарбер институтот за бобра против рак и неговите колеги ги анализирале податоците за речиси 1000 лица во третата фазана рак на дебело црево кои поминале операција и хемотерапија.

Овие лица пополниле прашалници за своите навики во исхраната напочетокот од испитувањето, во текот на хемотерапијата и година дена потоа.

Во третата фаза, зафатени се лимфните јазли во близина на првобитниот тумор, но нема знаци за метастази на други места во телото. Ризикот од рецидив во овој стадиум изнесува 35 отсто. До враќање на туморот доаѓа главно во рок од пет години после лекувањето, а после тој период, ретко доаѓа до тоа.

Учесиците кои пиеле четири шолји (околу 460 мг кофеин) или повеќе кафе дневно, имале за 42 отсто помал ризик од рецидив, а од смрт заради тумор или било која друга причина ризикот бил за 33 отсто помал во однос на оние учесници кои не пиеле кафе. Помалку корист имале оние учесници кои пиеле две до три шолји кафе,а мало заштитно влијание има една олја кафе дневно.

Намалувањето на ризикот е поврзано со кофеинот, а не со другите состојки на кафето, па кафето без кофеин не дава никаква заштита.

Ова истражување, вели Фукс, не докажува дека утврдената врска е причинско-последична. Овие резултати мораат да бидат потврдени со дополнителни истражувања, особено вклучувајќи ги истражувањата во кои учесниците ќе бидат случајно избрани во групи кои ќе внесуваат и кои нема да внесуваат кофеин.

Меѓутоа, ова истражување е дополнение на низа нови истражувања со кои се укажува на можност од постоење на заштитно влијание на кафето против развој на неколку видови канцер, вклучувајќи и рак на дојка во постменопауза, меланом (рак на кожата), рак на црниот дроб и напреднат рак на простата, напоменува Фукс.

Покрај тоа, додава, кафето е можен заштитник против дијабетес тип 2. Фактори на ризик за дијабетес (дебелина, седечки начин на живот, висококалорична исхрана, исхрана богата со шеќер и високо ниво на инсулин) исто така се и фактори на ризик за рак на дебело црево.

Една од претпоставките е дека консумирањето на кофеин ја зголемува чувствителноста на организмот на инсулин, такашто е потребно производството на помала количина. Ова може да помогне во намалување на воспаленијата коисе фактори на ризик за дијабетес и за рак, објаснува овој научник.

Чарлс Фукс потсетува и на други мерки кои можеме да ги преземеме за намалување на ризикот од рак: избегнување на таложење на вишок на килограми, редовно вежбање, здрава исхрана и јаткасти плодови. Овие мерки помагаат и во намалувањето на ризикот од дијабетес.

Фото: Pixabey