….Со помош на чудотворна билка да се откажете од цигарите

Оваа билка во нашите краишта најчесто се користи поради своето смирувачко дејство, таа има уште многу други лековити својства.

0
657

Руските лекари најчесто ја препишуваат кај проблемите со несоницата, раздразливост, главоболка, астматични проблеми, висок крвен притисок и за опуштање на згрчените мускули.

Во последно време, валерианата покажала и одлични резултати при одвикнување од пушењето и други болести на зависност, пренесува порталот DDL.

Во Русија оваа билка им ја препорачуваат и на лица кои страдаат од хипохондрија и хистерија. Валерианата го потиснува стравот, чукањето на срцето и тегобните чувства во градите кои се јавуваат за време на менопаузата или после претрпен шок.

Многумина успале да ги остават цигарите такашто секојдневно пиеле чај од валериана. Овој чај делува такашто мирисот на тутунскиот чад станува одбоен и непријатен.

Закоравените пушачи со помош на валеријанот при одвикнувањето не чувствуваат голема напнатост и несигурност.

Рецепт за чајот

Мала лажичка од коренот се прелива со два дцл зовриена вода и после пет минути исцедете. Препорачана дневна доза се две-три шолји во текот на денот, а задолжително една навечер, пола час пред спиење.

Напомена

Бидејќи валерианот има силно седативно дејство, не смее да се користи со други билки со слично влијание, ниту во комбинацја со лекови за смирување. После три недели употреба на валерианот се прави пауза, за да не дојде до несакани ефекти какви што се мачнина, главоболка или вознемиреност. Валерианот не им се дава на трудници и на деца.

Фото: Rawpixel