Со семки од тиква против рак на дојки?

Знаеме дека семките од тиква се здрави, но истражувањето на шпанските научници сега потврдило дека тие содржат соединенија кои докажано лекуваат рак.

0
233

Една од исклучително лековитите билки на оваа планета е и тиквата. Меѓутоа, многу луѓе не ја сакаат. Сепак, таа се користи во медицински цели веќе илјадници години. Тиквата е неверојатен извор на магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К, особено нејзините семки кои се богати со омега 3 масни киселини што е пресудно за одржување на здравјето на срцето.

Семките од тиква го намалуваат ризикот од рак на дојка

Шпанските научници потврдиле дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против канцерогените клетки.

Но уште едно истражување, овојпат на германски научници, потврдило дека жените кои поминале низ менопаузата и секојднeвно јадат семки од тиква, имаат за 23 отсто помал ризик од настанување на рак на дојка.

Еднакво делотвoрни се покажале и семките од сончоглед. Самата боја на тиквата укажува дека оваа намирница е богат извор на бета каротен.

Бета каротенот е силен антиоксиданс кој го штити организмот од влијанието на слободните радикали, го јакне имунитетот и спречува развој на малигни тумори. Поkрај него, тука се и витамините Ц, Е, К, Б1, Б2, Б3, Б6, фолна киселина и минералните состојки калиум, фосфор, калциум и железо.

Тиквата помага кај болестите на желудникот и цревата

Тиквата е поради својот состав идеална намирница за оние кои страдаат од болести на желудникот и цревата. Исто така, тиквата е и диуретик, а им се препорачува на лица со артритис и гихт, исто така, тиквата го штити и здравјето на очите, зашто е богата со каротеноиди.

Оваа намирнца помага за намалување на холестеролот во крвта. Облогот од свежо рендана тиква се применува за ублажување на болкте од проширени вени.

Само една лажица сок од тиква дневно ќе ве заштити од болести на мочниот меур, на бубрезите и простатата. Како маска за лице е добра за проблематичната кожа бидејќи тиквата не само што ја негува и храни кожата, туку ја штити и од рак, покажуваат најновите истражувања.

Фото: Pixabey