Сочен колач од лимон

Веруваме дека сте слушнале за она дека денот треба да го почнете со шолја млака вода помешана со сок од лимон. Ние ви предлагаме лимонот да стане и ваша попладневна навика - во облик на генијални десерти.

0
468

Без размислување лимонот можеме да го наречеме супер намирница. Лесно се вклопува и во солени и во благи јадења, а е основа за многу вкусни и освежителни пијалоци.
Веруваме дека сте слушнале за она дека денот треба да го почнете со шолја млака вода помешана со сок од лимон. Ние ви предлагаме лимонот да стане и ваша попладневна навика – во облик на генијални десерти. Почнуваме со едноставен колач од лимон кој во комбинација со малку шеќер во прав станува врвен десерт. Уживајте во киселкаст, мек, ароматичен и сочен колач.

Состојки:

200 г шеќер
50 г путер
3 лимони (кора од два лимони и сок од 3 лимони)
3 јајца
2 лажички прашок за пециво
250 г брашно
рум
шеќер во прав

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени
  2. Исечкајте или излупете два лимони па изрендајте ја кората и помешајте ја со лажица шеќер
  3. Додадете ги путерот и јајцата и мешајте со миксер. Потоа додадете малку рум, па брашното и прашокот за пециво.
  4. Помешајте и додадете сок од 1 лимон и ако е потребно, малку млеко.
  5. Печете околу 45 минути додека колачот на добие боја.
  6. Во меѓувреме помешајте сок од 1 лимон со малку шеќер. Извадете го колачот од рерна, издупете со вилушка дупчиња и прелијте го сокот врз колачот. Оставете да се олади и поросете со шеќер во прав.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here