Солени тостерки за мрзливи

Овој рецепт е на госпоѓа Олгица која вели дека единствена маана му е што мора долго да се стои (или седи) покрај тостерот за да се испечат сите, Ама мрзлива домаќинка, жив ѓаол ...

0
274

Состојки:

1 кг брашно

1 прашок за пециво

1 чаша вода (200 мл)

1 чаша зејтин (200 мл)

1 маргарин (или путер)

2 лажички сол

2 јајца

200 г рендан кашкавал

Приготвување:

Сите состојки се мешаат заедно и се замесува тесто кое би требало да отстои барем 2 часа.

Тука следува нашето решение за оние помрзливите кои не можат или не сакаат два часа да ги печат тостерките на тостер: правете различни облици или едноставно вадете форми со помош на чаша и редете ги во тепсија, премачкајте со жолчка и поросете со ким, сусам или семки од сончоглед и печете на 200 степени околу 15 минути.