Спанаќ со варени јајца и бешамел сос

Комбинацијата на спанаќ и јајца е веќе позната, но овојпат, оваа варијанта со сварени јајца има друга цел - да се спасат преостанатите велигденски јајца, а притоа сите да уживаат во ручекот

0
596

Состојки:

1 кг спанаќ

2 шолји млеко

2 лажици путер

2 лажици брашно

½ лажичка свежо мелено морсмко оревче

Црн пипер по вкус

300 г рендан кашкавал

6 варени јајца

3-4 лажици презли со зачини

Маслиново масло

Приготвување:

  1. Измијте го и избланширајте го спанаќот па исплакнете го со ладна вода и исечкајте го. Оставете настрана додека го подготвувате бешамел сосот.
  2. Ставете го во загреано тенџере путерот и пропржете го брашното, па додадете го полека млекото и мешајте за да не се направат грутчиња. Зачинете по желба.
  3. Ставете го спанаќот во тепсија и прелијте го со бешамелот. Одозгора поросете го изренданиот кашкавал и наредете ги пресечените варени јајца кои благо ќе ги втиснете во спанаќот. Најгоре поросете од презлите со зачини по желба.
  4. Печете во загреана рерна околу 20 минути и послужете топло со павлака или кисело млеко.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here