Супа од тиква, компир и јаболко

Ако сте љубител на тиквите тогаш ова е вистинско време да почнете да си правите најразновидни оброци со нив и да уживате во нивните вкусови

0
238

Состојки:

3-4 компири

1 мала мускатна тиква

1 јаболко

1 кромид

2-3 ливчиња жалфија

Сок од лимон

Пола лажичка ѓумбир во прав

Маслиново масло или малку путер

Сол и црн пипер

Приготвување:

На малку масло динстајте го кромидот додека не стане стаклест а потоа додадете го компирот исечен на коцки, тиквата и јаболкото. Додадете околу литар вода.

Варете додека зеленчукот и јаболкото не станат меки па откако ќе се изладат измешајте се во блендер. Зачинете, додадете ѓумбир во прав и малку сок од лимон и уживајте.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here