Супа со тортелини и лимон

Неодолива комбинација на вкусови за оние кои сакаат храна на лажица. Додадете морков, спанаќ и целер и ќе добиете вистинска витаминска бомба.

0
85

Состојки:

2 лажици маслиново масло

1 исечкан кромид

2 стебленца целер, исечкани на тркалца

2 моркови исечкани на тркалца

2 чешниња лук

Сол, црн пипер

2 лимони

5 шолји вода

400 г тортелини со сирење

100 г спанаќ

Приготвување:

  1. Загрејте го маслото па додадете кромид, целер, морков, лук и сол и кратко динстајте, околу 5-6 минути
  2. Изрендајте ја кората од лимоните и исцедете го сокот па додадете ја кората во зеленчукот заедно со пет шолји вода
  3. Кога ќе зоврие, ставете ги тортелините и пред крајот додадете ги сокот од лимоните и спанаќот и варете околу 1-2 минути, додека спанаќот да омекне.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

eighteen − 1 =