Суперсочен превртен колач со сливи

Овој едноставен, сочен колач е идеален повод да ги употребите сливите кои деновиве ги има во изобилие на пазарите. Наместо вага, употребете шолја од 2 децилитри.

0
303

Состојки:

3 јајца

1/2 шолја шеќер

1/2 шолја кокосово или обично масло

2 шолји брашно

1/2 кесичка прашок за пециво

2 кесички ванилин шеќер

1 шолја јогурт

4 кекси

800 г сливи

Приготвување: 

1. Сливите исчистете ги и преполовете ги.

  1. Помешајте ги брашното и прашокот за пециво
  2. Измешајте ги јајцата со шеќер и додадете масло.
  3. Во смесата постепено додавајте ги брашното со прашокот за пециво и јогуртот и мешајте.
  4. Ставете ги кексите во чиста крпа и здробете ги со толчник и со шише.
  5. Калапите за колачи или ако немате малечки, еден голем калап, намрсете ги и поросете со здробените кекси. Додадете ги сливите и распоредете ја смесата.
  6. Печете околу половина час на 180 степени Целзиусови.
  7. Превртете ги калапите, извадете ги колачите и послужете.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

17 + 13 =