Сутлијаш со интегрален ориз, јаболко и бадеми

Кога последен пат сте направиле сутлијаш? Еве го нашиот предлог за сутлијаш во малку поздрава варијанта - со интегрален ориз, бадемчиња и кокосово млеко.

0
299

Ако решите да го пробате овој сутлијаш со интегрален ориз, решете од вечер за да го накиснете преку ноќ.

Состојки:

150 г интегрален ориз
500 мл кокосово млеко (можете да направите и со обично млеко)
350 мл вода
1 лажица мед
суво грозје по желба
цимет
бадеми и јаболко (по желба)

Приготвување:

Од вечер ставете го оризот во сад со вода и оставете го преку ноќ.
Изутрината истурете ја водата, проплакнете го оризот во цедалка и ставете го во тенџере. Додадете млеко и вода и загрејте додека да проврие а потоа намалете ја температурата. Повремено мешајте додека оризот не ја впие сета течност и не се направи смеса во облик на пудинг. Пред јрај ставете цимет и суво грозје. Послужете со сечкани бадеми, јаболко и мед.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here