Светот полуде по минијатурна храна

Палачинки и разни други деликатеси помали од прстот на вашата рака се апсолутен хит на Твитер!

0
196

Налогот на Твитер познат како Tiny Foods, кој секојдневно исфрла фотографии и видео снимки од правење на минијатурна храна има повеќе од 300 илјади следбеници, а меѓу нив и манекенката Криси Тајген која ужива да ги гледа.

Исто така, постои и Јутјуб канал Miniature Space кој го прикажува истото – подготвување на минијатурна храна, а има повеќе од милион претплатници.

Овој феномен потекнува од Јапонија, но стана хит во целиот свет!

Во јапонската култура, сите минијатурни предмети се сметаат за слатки и како такви се популарни, но што е со остатокот од светот кој ужива во гледањето на овие снимки?

Психолозите сметаат дека гледањето на вакви видеа годи затоа што на луѓето им ги буди спомените на детството. Кај некои пак создава нервоза…

Како и да е, за да се подготвува ваква храна, требаат дебели нерви, вештина и се разбира, да не сте многу гладни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

5 × 2 =