Топла салата од тиква

Убава, ефтина и достапна – тиквата е многу вкусна и здрава намирница во секаков облик, варена, печена, во солени или во слатки комбинации

0
79

Состојки:

1 кг тиква исечени на 8 парчиња

60 мл маслиново масло

1 лажица кафеав шеќер

125 г леб исечен на мали парчиња

4 листови пршут

1 лажица оцет балсамико

50 г зелена салата

150 г моцарела

Сол, бибер

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ја тиквата во тепсија за печење. Премачкајте ја со две лажици масло и поросете ја со шеќер. Зачинете со сол и со бибер. Печете околу 30 минути, односно, додека не омекне.
  2. Во меѓувреме намрсете друг сад за печење и во него ставете леб и зачинете го. Печете го 5 минути и внимавајте да не загори.
  3. Печената тиква префрлете ја во некој сад во кој ќе стои топла, а во тепсијата во која се печела додадете оцет балсамико и помешајте. Листови од салатата ставете на дното од садот за салата, врз неа ставете коцки печена тиква, леб, пршут и моцарела. Полејте со добиениот сос од оцет балсамико и послужете.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

19 − twelve =