Топол коктел со круши и ѓумбир

0
861

Ако не сте фан на варено вино, стандардниот зимски пијалок, или пак сакате да пробате нешто поинакво, овој зачинет коктел од круша и рум ќе ве загрее добро.

Состојки:
2 л густ сок од јаболка
2 парчиња ѓумбир, сечкан на ленти
2 зрели круши, исечени на парчиња
2 стапчиња цимет и уште малку цимет за декорација
4 семки од кардамом
3 лажици кафен шеќер
сок од 4 лимети
кора од 2 лимети
500 мл рум

Приготвување:
1. Сипете го сокот од јаболка во големо лонец, додајте ги ѓумбирот, крушите, циметот, кардамомот и шеќерот. Додајте ја кората и сокот од лимоните и сварете се до точка на вриење, и оставете на оган додека сиот шеќер не се стопи. Послужете го топлиот пијалок заедно со рум (доза по желба) и стапче цимет.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

5 + eleven =