Тост со праз и со сино сирење

0
722

Состојки:
3 страка праз, сечкани на крукчиња
2 лажици путер
1 лажица маслиново масло
сол
црн пипер
12 филии леб багет
60 гр сино сирење
неколку капки сок од лимон

Приготвување:

1.Загрејте ги путерот и маслото и додадете го празот, влажен од претходното миење. Додајте ½ лажичка сол и малку црн пипер. Намалете го огнот, покријте и варете 25 минути, со повремено мешање.

2. Намачкајте ги филиите со маслиново масло и сол. Тостирајте ги лесно. Ставете го сирењето додека филиите се топли. Врз нив ставете од празот или пак ставете го празот одоздола а сирењето врз него. Додајте неколку капки сок од лимон.