Традиционална јапонска супа

За сите кои ја сакаат јапонската кујна, еве уште еден привлечен рецепт кој лесно можете да го направите и самите, се разбира, во прилагодена верзија. Школките кои тие ги употребуваат кај нас ги нема, но можете да ставите и некои други, од оние смрзнатите што ги имаат големите маркети. Токму такви нека бидат и ракчињата…свежи, како што знаете, немаме

0
136

Состојки:

6 шолји вода

2 лажици сок од лимон

3 лажици соја сос

6 млади лромитчиња

4 лажици Шери

6 свежи печурки (по ваш избор)

1 морков исечен на тенки парчиња

6 кришки лимон

12 мали ракчиња

12 школки

Сол по вкус

Приготвување:

  1. Водата нека зоврие, по додадете ги печурките и морковот и варете ги 2 минути.
  2. Додадете ги ракчињата и школките и варете додека ракчињата да добијат розеникава боја.
  3. Помешајте ги сокот од лимон, соја сосот и шерито и послужете со кришка лимон и младо кромитче.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

eight − 3 =