Tри причини поради кои  треба да почнете да јадете путер од кикирики

Путерот од кикирики е незаобиколен дел од американската традиција и кулинарството. Иако е достапен и кај нас, неговата употреба кај нас е исклучително ретка.

0
518

Иако можеби мислите дека путерот од кикирики дебелее и не може да биде дел од здравата исхрана, а тоа што Американците го јадат во секоја пригода ви е само аргумент во ставот дека токму порад него тие се соочуваат со проблемот со дебелината, не сте во право. Еве и зошто.

Полн е со хранливи материи

Путерот од кикирики е богат со витамин Е, моќен антиоксиданс кој го штити организмот од делувањето на слободните радикали, како и со витамин Б6, кој го јакне имунитетот на телото. Освен тоа, содржи и магнезиум, кој е неизбежен минерал во изградбата на коските, како и калиум кој обезбедува здравје на мускулите.

Студијата објавена во списанието Journal of the American Medical Association покажала дека консумацијата на 30 грама путер од кикирики пет пати неделно го намалува ризикот од добивање на дијабетес тип 2 за 30 отсто.

Помага за слабеење

Можеби ова звучи неверојатно со оглед на тоа што порција путер од кикирики содржи 180 до 210 калории, но овој намаз има огромна количина прехранбени влакна и протеини кои гарантираат подолга ситост и спречуваат прејадување.

Содржи добри масти

Путерот од кикирики содржи незаситени масни киселини кои обезбедуваат здравје на срцето и кардиоваскуларниот систем. Науката докажала дека лицата кои јадат незаситени масни киселини имаат помалку масти во пределот на стомакот од лицата кои уживаат во јаглени хидрати и заситени масни киселини.

Препорака: Свежо јаболко и лажица путер од кикирики претставува одлична комбинација за меѓуоброк.

Фото: Pixabey