Три причини заради кои би требало да почнете да јадете путер од кикирики

Иако го има и во нашите продавници, за разлика од Американците, кај нас неговата употреба не е толку популарна.

0
831

За разлика од Американците кои редовно го имаат во својот фрижидер, кај нас путерот од кикирики не е многу популарен. Но еве зошто би требало да го консумираме:

Полн е со хранливи материи

Богат е со витамин Е, моќен антиоксиданс кој го штити организмот од делувањето на слободните радикали, како и со витамин Б6 кој го јакне имунитетот на телото. Освен тоа содржи и магнезиум кој е неизбежен минерал во изградбата на коските и калиум кој е добар за здравјето на мускулите.
Студијата објавена во магазинот Journal of the American Medical Association покажала дека консумацијата на 30 грама путер од кикирики пет пати неделно, го намалува ризикот од добивање на дијабетес тип 2 за 30 отсто.

Помага при слабеење

Можеби звучи неверојатно, особено ако се земе предвид дека е многу калоричен, но овој намаз има огромна количина прехранбени влакна и протеини кои гарантираат подолга ситост и го спречуваат прејадувањето.

Содржи добри маснотии

Путерот од кикирики содржи незаситени масни кислеини кои обезбедуваат здравје на срцето и кардиоваскуларниот систем. Науката докажала дека лицата кои јадат незаситени масни киселини имаат помалку масти во пределот на стомакот од оние кои уживаат во јагленохидрати и заситени масни киселини.
Свежото јаболко и лажица путер од кикирики е одлична комбинација за меѓуоброк.

 

loading...