Уште еден посен и здрав колач

Оваа чоколадна боја на колач кој нема ни трошка чоколадо или какао во себе, едноставно изгледа одлично во комбинација со портокаловата боја на оваа убава тиква

0
145

Состојки:

2 банани

200 г хељдино брашно

100 г бело брашно

100 г мелен рогач

2-3 лажици мед

100 г стопено кокосово масло

100 г кисела вода

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

1/2 лажичка сода бикарбона

сок од 1 портокал

1-2 рендани моркови

сечкани ореви

1 лажичка мелен цимет

1/2 лажичка мелен ѓумбир

Приготвување:

Се мешаат сите состојки и секако, по желба додадете некое суво овошје, евентуално суво грозје, брусници или урми. Наместо ореви можете да додадете лешници или бадеми.

Ставете ја смесата во подмачкан сад и печете околу 30-40 минути.

Послужете со топка сладолед или со печена тиква. Втората комбинација можеби звучи малку чудно, ама пробајте и ќе видите дека освен што е чудна, оваа комбинација е и вкусна.