Уште еден рецепт за домашна штрудла со ореви

Ова е еден од оние традиционални празнични деликатеси кои се подготвуваат за Божик и за Велигден, а ги има во повеќе варијанти.

0
526

Состојки:

Тесто:

500 г брашно

2 јајца

5 лажици шеќер

5 лажици путер

2 капачиња рум

Кора од лимон

20 г свеж квасец

4 лажици топло млеко

1 ванилин шеќер

Фил:

600 г ореви

125 г путер

4 лажици чоколадо во прав

250 г шеќер

2 капачиња рум

Кора од лимон

2 дл млеко

За премачкување:

1 разматено јајце

Приготвување:

Ставете го квасецот во топло млеко и оставете го да надојде

Додадете ги изматените јајца, шеќерот и ванилиниот шеќер, ренданата кора од лимон, путерот, румот и надојдениот квасец во брашното, замесете го тестото и оставете го да надојде на топло.

Во меѓувреме подгответе го филот. Смелете ги оревите и стопете го путерот. Загрејте го млекото и во топлото млеко стопете го шеќерот. Помешајте ги заедно оревите, растопениот путер, растопениот шеќер во млеко, чоколадото, румот и ренданата кора од лимон.

Поделете го тестото на 4 дела и секој расукајте го па намачкајте го со фил. Завиткајте го во ролат и оставете да стои уште половина час.

Пред печење намачкајте ги со разматено јајце и избоцкајте со вилушка.

Печете во рерна на 180 степени 35-40 минути.

 

loading...