Уште една варијанта на карфиол во рерна

Карфиолот е богат со голема количина на протеини, витамини, минерали и други корисни хранливи материи, но сепак, многумина не го сакаат. Еве уште една варијанта, уште подобра од претходната, со која ќе ги натераме да го сменат мислењето

0
185

Состојки:

1 главица карфиол

1 супена лажица масло

300 мл кисело млеко или густ јогурт

Сок од еден лимон

1 лажица ким

1 лажица згмечен лук

1 лажичка кари

Пола лажичка бибер

Сол по вкус

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени и премачкајте ја тепсијата со масло
  2. Добро измијте го карфиолот и отстранете ги зелените листови
  3. Во еден сад измешајте го киселото млеко или јогуртот со сок од лимон, додадете ги кимот, лукот, карито, биберот и солта. Се добро измешајте а потоа натопете ја главицата карфиол во оваа смеса.
  4. Печете во рерна околу 30-40 минути. Маринадата ќе создаде убава крцкава кора на површината од карфиолот.
  5. Извадете ја од рерна и сервирајте со зелена салата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here