Валдорф салата

После тешката празнична храна, оваа салата е вистинско освежување. Основни состојки за оваа салата се јаболката и целерот.

0
162

Основниот рецепт за оваа салата која го добила името по истоимениот хотел во Њујорк кадешто првпат била осмислена и направена, содржи свежи јаболка и целер, тука се и оревите, а по желба во него можете да додадете и суво или свежо грозје или мандарини.

Доколку сакате да ја јадете како главен оброк, можете да додадете и пилешко или мисиркино месо, ама тоа е веќе нешто друго.

За основната верзија ви требаат само 2-3 зелени јаболка исчекани на парчиња, 2 лажици сок од лимон, малку оревчиња, исчекан целер и мајонез како прелив.