Ванилици од ѓумбир

Никогаш доволно...повторно ванилици но во малку поинакво издание. Уште повкусни и помиризливи.

0
287

Состојки:

100 г шеќер

Мала лажичка ѓумбир во прав

2 мали лажички сок од лимон

90 г брашно

50 г густин

100 г путер

60 г мелени бадеми

Приготвување:

Замесете тесто од сите состојки и оставете го да преноќи во фрижидер.

Следниот ден, попрскајте ја работната површина со брашно и формирајте ванилици. Исечетре стапчиња со должина од околу 8 цм и свиткајте ги во форма на полумесец.

Распоредете ги врз хартија за печење и печете ги на температура од 175 степени C околу 12 минути.

Испечените ванилици извалкајте ги во мешавина од шеќер и ѓумбир во прав па оставете ги да се оладат.