Веге ручек со морска сол и мавровска мајчина душица

Супер вегетаријански ручек. Токму како за на море - лесен, со многу зачини и медитерански, но и наши, довлечкани заедно со куферот

0
84

Рижото со грашок и пченка, пропржени тиквички и пропржени тркалца кромид.

Се заедно зачинето со одличен маслинов зејтин, морска сол и мавровска мајчина душичка. И ручекот е тука – привлечен за око, вкусен за непце и одличен за сите – и за вегетаријанци и за месојадци што одвреме навреме сакаат да одморат од месо.