Вегетаријански тортилји со многу зеленчук

Изобилие од зеленчук, и тортилји, вистински избор за летен оброк

0
193

Состојки:

1 домат

1 шолја шампињони

2 тиквици

1 лажица маслиново масло

1 лажица оригано

2 лажици босилек

Тортилји

За преливот:

1 шолја индиски оревчиња претходно натопени во вода 4-5 часа

2 лажици сув квасец

1/2 шолја бадемово млеко

1 чешне лук

1 лажичка чили

Сол, црн пипер

2 лажици маслиново масло

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200°C. Распоредете ги исечканиот домат, шампињоните и тиквичките на тепсија за печење, прелијте ги со маслиново масло, со оригано и зачинете со сол и со црн пипер. Печете ги 10 минути, а потоа извадете ги од рерната, полека измешајте и вратете ги уште на 10 минути.
  2. Додека се пече зеленчукот, подгответе пикантен сос. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека смесата не стане компактна.
  3. Наредете ги тортилјите и на секоја ставете малку печен зеленчук, прелијте со сосот и поросете со ситно сечкан свеж босилек. Послужете веднаш.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

3 × 2 =