Велигденски куглоф: Чоколадно гнездо

Се друго е премногу комплицирано за правење, а овој калап за куглоф е еден од поубавите изуми во кулинарството. Како и да го направите, ќе изгледа убаво. Уште ако го украсите со велигденските јајца, не ви требаат други украси на трпезата.

0
370

Состојки:

100 г чоколадо за тестото, 100 г за глазурата

100 г бело чоколадо за тестото

250 г путер

200 г шеќер

5 јајца

375 г брашно

1 прашок за пециво

1 дцл млеко

Приготвување:

  1. Чколадото (100 г темно и 100 г бело чоколадо) скршете ги на коцки. Изматете ги путерот и шеќерот и додавајте едно по едно јајце, додадете го исечканото чоколадо, брашното и прашокот за пециво и на крајот млекото.
  2. Премачкајте го калапот со путер и поросете со презли или малку брашно. Ставете ја смесата за тесто и печете во загреана рерна на 175° степени околу 1 час.
  3. Направете глазура од чоколадо и малку путер па прелијте го изладениот куглоф.
  4. Украсете со чоколадни трошки или со рендано чоколадо, а во средината ставете велигденски јајца или малечки чоколадни јајца и соленки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

two × one =