Виножито од хумус

Единствената подобра работа од хумус е виножитото од хумус. Додадете зеленчук во вашиот класичен хумус за екстра вкус и боја и ќе имате мезе што ќе ви ја разубави трпезата.

0
220

Рецептот за класичен хумус не може да е поедноставен. Само ставете ги состојките во блендер и додадете ја течноста од конзервата со наут и ќе добиете екстра мазна и кремава смеса.

Состојки за основниот рецепт за хумус, за останатите делови од „виножитото“ погледнете го видеото подолу:

1 конзерва наут

¼ чаша таан

¼ чаша маслиново масло

¼ чаша сок од лимон

1 чешне лук

1 лажичка ким

½ лажичка чили во прав

½ кафена лажичка сол

Приготвување:

Исцедете го наутот и зачувајте ¼ чаша од течноста. Префрлете ги наутот и течноста во блендер. Додадете ги останатите состојки и мешајте 2 до 3 минути.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

one × three =