Вистинскиот рецепт за стариот добар колач со вишни

Можеби мислите дека е ова само уште еден обичен колач со овошје, односно со вишни... Да, точно, од тие е, ама толку беше погоден што едноставно моравме да го споделиме со вас и овој рецепт. Не знаеме дали е тајната во него или во тоа што состојките наместо со миксер, се изматени со рачна маталка, ама колачот беше навистина перфектен...

0
522

Состојки:

125 г омекнат путер

125 г шеќер

Малку сол

Екстракт од ванила

Кора и сок од 1 лимон

3 јајца

200 г брашно

1 лажичка прашок за пециво

750 г вишни

Приготвување:

  1. Се мешаат путерот и шеќерот, а потоа се додаваат едно по едно трите јајца, а потоа и брашното и прашокот за пециво.
  2. Смесата се става во подмачкана тепсија и се додаваат вишните. Се пече на 180 степени околу 50 минути.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

12 − 11 =