Виталиа отвара ново поглавје во здравата исхрана

0
724

Со денешната промоција на нови производи без додаден шеќер во новата продавница во Градскиот Трговски Центар во Скопје Виталиа ја започнува кампањата “Помалку шеќер за повеќе здравје”. Следејќи ги препораките на Светската здравствена организација Виталиа започна со производство на нова линија на производи без додаден шеќер и воедно започна со намалување на шеќерот во својот асортиман.

3S3A0035

Како дел од кампањата “Помалку шеќер за повеќе здравје” ќе организираме и низа општествено одговорни активности. Како продолжение на проектот 5ка за Здрава Храна за кој Виталиа ја доби наградата 29 ноември од Град Скопје, наши нутриционисти ќе одржат едукативни предавања во основните училишта и градинките, со што ќе придонесеме во градење на здрави генерации, а здравите навики дефинитивно се креираат од најрана возраст. Виталиа ќе донира здрави производи без шеќер во клиниката за онкологија, СОС детското село како и на децата со специјални потреби“, истакна Мариета Мартиновиќ од Виталиа. Таа додаде дека Виталиа иако воведува новости производите ќе го задржат својот уникатен вкус и функционалност. “Со оваа кампања сакаме да ги поттикнеме и останатите производители да се вклучат во кампањата и да го намалат шеќерот во своите продукти”, порача Мариета Мартиновиќ.

3S3A9856 3S3A9959

За време на промоцијата се обрати и Бобан Несторовски од здружението за дијабетичари „БУВ“ кој рече „Виталиа отвора ново поглавје во олеснувањето на нашето секојдневие. Преку кампањата „Помалку шеќер, за повеќе здравје“ не само што ни го олеснуваат денот туку и се заложуваат да го подобрат здравјето на сите. Целта која ја имаат не е за потценување. Затоа сакаме да се заблагодариме на Виталиа за поддршката која со години ни ја даваат и која од денес ја надоградуваат со новата линија на производи“.

Виталиа ја промовира новата линија на производи 5 денови пред 14 ноември, Денот на дијабетесот за време на кои организира неколку активности за подигнување на свеста на јавноста за ова заболување. Компанијата останува посветена кон креирање на здрави продукти кои ќе им помогнат на потрошувачите да изградат здрави навики.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here